Промени на Јутјуб: Гледањето на видеата ќе се наплаќа

0
1117

Дел од содржините на „Јутјуб“ во иднина можат да бидат затворени за обичните корисници и достапни би биле само за оние кои плаќаат претплата.

„Гугл“ веќе подолго време работи на воведувањето претплата за својот видео сервис, а корисниците кои нема да плаќаат претплата од десетина долари месечно, нема да може да ја гледаат целата содржини на „Јутјуб“.

Но има и добра вест- најголемиот дел од содржините ќе останат бесплатни за сите. Би се плаќало само гледањето на некои премиум канали специјализирани за готвење, спорт и слично.

Дел од премиум содржините би биле и оние што ќе ги финансира сервисот, како на пример соработки со најпопуларните видео блогери, односно корисниците на „Јутјуб“ кои имаат милиони следбеници и заработуваат милиони долари.

Засега нема официјална потврда за овие информации, а многу повеќе ќе се знае по претстојната конференција на „Гугл“ во Лос Анџелес.