Проект „Креираме уметност, не вандализам“

0
1280

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитети“, здружението Центар за стратегии и развој „Пактис“ од Прилеп, спроведе акција под мотото „Креираме уметност, не вандализам“.

Младински активисти и млади уметници од градот учествуваа во сликање на урбани креативи на јавен простор. Акцијата беше спроведена во прилепската населба Точила, на потпорниот ѕид кој се наоѓа непосредно покрај ООУ „Блаже Конески“.

Графитите и делата на младите прилепски уметници ги покрија политичките пораки, како и пораките со непримерна содржина кои со години стоеја испишани на ѕидот во непосредна близина на основното училиште. Од Центарот за стратегии и развој „Пактис“ велат дека се задоволни од постигнатиот двоен ефект, особено што препознавајќи го ентузијазмот на младите уметници, новата прилепска локална власт ја поддржала акцијата.