Продор на малку постуден воздух од север

0
1186

Во текот на утрешниот ден поради продор на малку постуден воздух од север ќе имаме нешто пониски температури на воздухот за разлика од денешниот ден.

Утре (09.02.2017) времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно и постудено со слаб до умерен ветер од источен правец.pcp24h_web_2

Не се исклучува можноста и за локално и слабо проврнување на дожд на ниските и провејување на слаб снег на повисоките места и на планините.

Услови за проврнување на слаб дожд и снег ќе има и на некои од пониските места.

Минималната температура на воздухот ќе се спушти во интервалот од -4 до 5 степени.

Максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервал од 3 до 11 степени.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!