Продолжува специјалната војна против Специјалното обвинителство

0
980

По најавената истражна постапка „Тортура“, Специјалното обвинителство е под нови удари – од провладини медиуми, но и од предлог законски измени кои временски треба да ја развлечат неговата можност за брзо постапување.

Започна нова серија критики врз Специјалното јавно обвинителство, откако тоа вчера објави дека почнува истражна постапка под името „Тортура“, во која седум лица се сомничат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко и понижувачко однесување и казнување при лишувањето од слобода на Љубе Бошкоски. Провладини медиуми оценија дека тоа се нови „политички настапи на Катица Јанева“, дека „СЈО повторно се закопа“, а сомнежот за тортура го сведоа на „истрага за пцостите“ при апсењето на Бошкоски. Овојпат во игра влезе и етничкиот елемент, па денешен „Вест“ на насловната страница објави наслов „Фатиме Фетаи промовира нов официјален јазик: Тортура на албански“. Според комуниколози, „тоа е целосно непрофесионален и неетички чин, со цел работата на СЈО да ја внесе во зоната на меѓуетнички раздор и тензии, без никаква реална основа за тоа“.

Ваквите медиумски конструкции од СЈО ги коментираат како беспредметни, со став дека „она што го кажала обвинителката Фетаи евидентно е извадено од контекст“. Обвинителката Фетаи на вчерашната прес-конференција кажа на албански јазик една реченица и објасни зошто.

„Овој воведен дел го изложив и на албански јазик со цел крикот за правда кој го пушта ова обвинителство биде подостапен и за граѓаните од албанската народност, а секако се обврзувам многу брзо на следните прес-конференции сегменти од истата да претставам и на јазиците на останатите народи кои живеат во оваа држава. Ова обвинителство беспрекорно ќе го почитува Уставот на Република Македонија и законите, и моето излагање ќе го изнесам пред вас и пред целокупната јавност на јазикот на кој официјално се води кривичната постапка во Република Македонија, на литературен македонски јазик“, рече Фетаи.

Советот на обвинители бара образложение

Но, тоа не е сѐ. Остри пораки стигнуваат и од Советот на јавни обвинители, кој ги разгледал барањата на Јанева упатени до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал, за воспоставување надлежност од СЈО над повеќе предмети. Од Советот бараат Јанева лично да образложи зошто смета дека има надлежност врз побараните предмети – „Маѓар Телеком“, „Шпион“, нелегалниот пиштол на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и за обвинението за порнографија против неговиот син.

Анализата на Катерина Блажевска во целост прочитајте јаОВДЕ