ПРОДОЛЖУВААТ КРИМИНАЛНИТЕ ИГРИ НА РЕЖИМОТ: „Валкан“договор за Комунална хигиена, што крие милионската зделка

0
1405

Многу сомнежи отвори намерата на Јавното претпријатие Комунална хигиена да ги трампа своите деловни простории во центарот на Скопје со зградата на поранешен ФАС 11 октомври.

Извори на НОВАТВ велат дека огласот не само што бил креиран за фирмата Унитајарс Стил Импекс на бизнисменот Славе Распашковски да биде одбрана на повикот за размена на простории, туку целата зделка е во комплетна спротивност на интересите на јавното претпријатие. Не само што не е во ќар, туку градското претпријатие ќе има дополнителни трошоци по оваа бизнис зделка.

„Комунална хигиена нема база за возилата и со години истата ја изнајмува од Распашковски. Наместо сега да издвојат пари за купување на база, му ја купуваат скапаната зграда на Распашковски, демек била блиску до базата и тоа им одговарало. Базата не ја купуваат, туку останува негова за утре да ја понуди на Комунална хигиена за огромна цена, кога ќе реши Управниот одбор да ја купи.“, вели изворот на НОВА.

Повеќе детали ОВДЕ