Прогласени победниците за Traveler Photo Contest 2015-та

0
1016

Подводна фотографија од нуркачи кои пливаат со китови е фотографијата што е прогласена за победник на годинешниот натпревар Traveler Photo Contest на National Geographic. На конкурсот учествуваа повеќе од 17.000 фотографии.

Screenshot_6

Победничката фотографија е снимена во близина на Рока Партида, остров во Мексико. Авторот Ануар Патјане Флориук како награда доби осумдневно патување во Костарика и Панамскиот Канал за двајца.

„Фотографијата воопшто не беше планирана, всушност фотографирав во близина на главата на китот кога тој започна да плива кон останатите од тимот. Нуркачите му дадоа простор на китот и неговото младенче, а јас само го доловив моментот“, раскажува фотографот.

Screenshot_7

Фејзал Азим од Бангладеш освои второ место со фотографија од работници, а како награда ќе добие шестдневна фото експедиција за двајца во Јелоустон.

Screenshot_1

Третото место го освои Ахмед Ал Токи од Оман, кој доби шестдневно крстарење за двајца.

Останатите фотографии се победници во четири категории: портрети, надворешни сцени, места и спонтани моменти.

Screenshot_3 Screenshot_4 Screenshot_5 Screenshot_8 Screenshot_9 Screenshot_2