Режимскиот интернет портал ИнфоМакс се извини на Зоран Заев

0
1079

Интернет порталот ИНФОМАКС денес се извини на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и јавно го повлече спорниот текст со наслов „Екслузивно: Заев одмарал во неговата вила вредна милиони евра, се криел со пешкир да не го фотографираат“, информираат од партијата.

Јавното извинување е очекувано поради бројните лаги коишто ги содржеше спорниот текст.

Со самото извинување до лидерот на опозицијата и претседател на СДСМ Зоран Заев, исто како и повлекувањето на текстот полн со клевета на негова сметка од страна на провладините медиумски бројлери е уште еден доказ дека досега кон него се воделе лажни конструкции во континуитет и исто така показател дека од сега како и до сега во идно време Груевски и ВМРО-ДПМНЕ планираат да ја продолжат истата практика кон претсеателот на СДСМ Зоран Заев.

 

Izvinuvanje-od-INFOMAX-766x1024