Малкумина знаат дека врската Миле – Грујо трае речиси 30 години, уште кога Грујо беше студент на економскиот факултет во Прилеп од 1990-та до 1994-та. Таму бил под кирија во куќата на Миле Јанакиевски, и практично тие биле цимери.
Таа блискост потоа останала и кога Грујо станал министер за финансии во 1999-та, па Грујо го поканил Милета да му биде шеф на кабинет. Тука се раѓа паклената екипа, доаѓаат Гордана Јанкуловска и идниот кум, Зоран Ставревски.