Причини за откажувањето на обуката на полицајците – меѓу кандидатите лица со криминално досиеја?!

0
1300

Два дена откако беше откажана обуката на ноемвриската класа на кандидати за полицајци, од Министерството за внатрешни работи молк. Вчера 660 кандидати беа вратени од пред Центарот за обука во Идризово, со образложение дека обуката нема да почне и дека дополнително, секој поединечно ќе биде известен кога ќе се случи тоа.

Како што објави ТВ21, проблемот настанал, кога станало јасно дека од тие 660 кандидати биле повикани лица кои немале лекарски уверенија, кои се пред услов за почеток на курсот.

Меѓутоа, освен што немале лекарски уверенија, како што дознаваме, дел од кандидатите не ја поминале ниту проверката од Управата за безбедност и контраразузнавање и не се стекнале со безбедносни сертификати.

Според нашите извори, за значителен број од овие кандидати постои сомнеж дека имаат криминално досие.

Инаку, договорите за основна обука за полицајци, 660 кандидати ги потпишале на 31 август 2016 година кога министер беше Митко Чавков, еден ден пред да замине од функцијата и на негово место да седне Оливер Андонов, кој беше министер неполни 24 часа.

ТВ 21, побара одговор од сегашниот заменик-министер на МВР, Оливер Андонов, кој рече прво сака да слушне што има да каже министерот Спасовски за овој случај.

Подетални информации за овој проблем, се очекува да бидат изнесени утре, за кога Министерството за внатрешни работи најави прес-конференција.