Притисоци врз ромските гласачи во прилепската населба „Тризла“

0
1744

Прилепската населба „Тризла“ во која живеат граѓаните од ромската етничка заедница, традиционално е местото каде за сите избори се вршат најсилните притисоци врз гласачите.

neregularnosti-trizla-4 neregularnosti-trizla-5

Истата ситуација се повторува и денес. Со самото отворање на избирачките места, пред ОУ„Добре Јованоски“ во кое се наоѓаат десетина избирачки места, забележливо е присуството на поголем број агитатори од владејачката партија, но и службеници вработени во МВР-Полициска станица од општа надлежност Прилеп. Меѓу нив е и началникот на одделението за стопански криминал Марјан Станоески.

neregularnosti-trizla-3 neregularnosti-trizla-2

Постојано присутен пред влезот на училишната зграда е и претседателот на Месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од „Тризла“, кого полицајците не сакаат да го отстранат и покрај тоа што случајот во два наврата е пријавен во прилепската Полициска станица.

Освен тоа, како што може да се види и од фотографиите, денес во функција на изборите се ставени и возилата на Општина Прилеп кои можат да се забележат пред гласачките места.

Извор : Публикум