Природни лекови против нервоза и стрес

0
5661

Без оглед дали имате драматична врска или сте под стрес на работното место, природата ви нуди свои решенија за опуштање, од коцка чоколадо која го намалува нивото на хормонот на стрес, преку мирисот на лаванда кој може да ви го подобри квалитетот на спиењето.

Лаванда

Не можете да спиете затоа што сте под стрес на работното место и сте ги пробале сите рокови за да го завршите започнатото? Пробајте со ароматерапија со лаванда. Докажано е дека лавандата ја лечи инсомнијата. Се прави од исушени цветови и есенцијални масла од растенијата, а секој нејзин дел има лековито дејство. Можете да користите млеко, чај од лаванда или свеќа со мирис на лаванда.

Сладок компир

Следен пат кога ќе сакате да побегнете од чувството на анксиозност, сетете се на ова: слаткиот компир е природен непријател на стресот, затоа што е со сладок вкус и е полн со јаглено хидрати. Содржи доста влакна кои ви помагаат полесно да ја сварите храната а сето тоа влијае на вас да бидете емотивни и физички смирени и прибрани. Исто така го одржува чувството на задоволство.

Камилица

Кај  некои од нас во текот на ноќта се исклучува  мозокот, а кај  некои телото. Кога ќе се исклучи телото, помага камилицата. Докажано е дека камилцата, кога се конзумира како чај  го намалува интензитетот на грчеви во мускулите и успешно го смирува телото. Меѓутоа, трудниците кои се алергични на сено и амброзија мора предходно да се консултираат со лекар пред да почнат да ја користат камилицата.

Црно чоколадо

За сите љубители на чоколадо, едно пријатно изненадување – постои причина чоколадото да се конзумира редовно. Количина од  40 грама го намалува нивото на хормонот на стрес кортизол и катеколамин, а тоа ја отстранува анксиозноста. Тоа што уживате додека го јадете чоколадото, ослободува ендорфини во мозокот и вие сте совршено среќни.

Кантарион

Кантарионот расте насекаде во светот, се користи за лечење  на депресија  ако се конзумира како чај или кака додаток на исхраната. Докажано е дека значително го поправа расположението  и интересот кај депресивните луѓе. Сепак, не е прифатен како лек против сериозна длабока депресија  затоа што има негативни последици  ако се конзумира  со некои намирници или лекови, па е потребна консултација со лекар пред почетокот на користењето.

Млеко

Многу од луѓето стануваат  поспани  кога ќе се напијат чаша млеко, затоа што во него има триптофан – аминокиселина која ја има и во мисирката. Од чаша топло млеко исто така ќе бидете поспани но не од  оваа причина. Впрочем, многу од луѓето чувствуваат потреба  да заспијат штом ќе испијат чаша млеко, затоа што тоа ги подсетува на детството. Ова навистина успева.

Исусов венец

Многу успешно лекува  напнатост и нервоза. Користете го како додаток во исхраната и ако имате важен состанок, ќе ви помогне да се опуштите. Овој цвет се користел како препорачан седатив без рецепт во 1978.

Путер од кикирики

Кога ќе почувствувате дека телото ви  ја губи силата затоа што не сте спиеле доволно, путер од кикирики е решението, затоа што делува како гориво за телото. Во него има доста витамин Б6 кој го регулира крвниот притисок и  го подига расположението. Најдобро е да користите природен путер, затоа што во него нема многу шеќер  кој може да предизвика негативни последици  на Б6 витаминот.

Валеријана

Со помош на валеријана луѓето се одмарале со векови.Прв пат како растение го употребил  Хипократ, а валеријаната  делувала на организмот како седатив. Можете да ја најдете  во различни облици: таблети, сокови, чај, капки и др. Пред да почнете да ја користите, поразговарајте со лекар, затоа што тој  може да ви каже кој облик за вас е најдобар.