Природни билки за смирување на нервите

0
1923

Живееме во време кога стресот е секојдневна појава, речиси е невозможно да го избегнеме. Но природата секогаш е на наша страна, а се што треба да направиме е да ја запознаеме подобро и да ги искористиме благодетите кои ни ги нуди.

Ова се пет неверојатни билки кои ги чуваат нервите и гарантираат мирен сон.

АНАСОН: Билка со карактеристичен мирис и сладок вкус, а се користи како зачин или чај. Содржи етерични масла, беланковини и шеќер, оваа билка е совршена за опуштање.

Ги смирува нервите, ја намалува надуеноста, а се препорачува и при болни менструални циклуси.

КАНТАРИОН:

Кантарионот помага при проблеми со спиењето и со концентрацијата, на пример во пубертет или за време на менопауза.

Со векови се користи во облик на чај за третирање на депресивна состојба, потиштеност и анкциозност. Со црвеното масло на оваа билка се лечат рани, повреди, изгореници како и разни иритации на кожата.

КОПАР:

Oва е медитеранска билка која делува на системот за варење, ја намалува надуеноста и воопшто стомачните проблеми.

Топол чај од копaр со мед го опушта и го смирува организмот на оние кои патат од несоница и стрес.

Есенцијалните масла содржат активни материи кои имаат смирувачко дејство.

ЛАВАНДА:

Поради пријатниот мирис и лековитоста на чајот од цветовите оваа билка има широка примена.

Претставува традиционален лек за смирување и за главоболка.

Цветот на лавандата делува и против настинки и инфекции на дишните патишта.

Лавандата ги отстранува штетните материи од организмот и не прави полесни и  поопуштени.

ЛИМОНОВА ТРЕВА:

Чајот од оваа билка позитивно делува на психата, се користи во стресни и депресивни состојби, а помага и при нередовни менструални циклуси предизвикани од стрес  како и при главоболки предизвикани поради нервоза.

Го подобрува памтењето и помага во борбата против депресија.