ПРИЛЕП Е ЛУЛКА НА КУЛТУРАТА, ДУРИ 200 СКУЛПТУРИ ОД ОГРОМЕН БРОЈ НА УМЕТНИЦИ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ НА 56-ТИОТ СКУЛПТОРСКИ СИМПОЗИУМ

0
1581

„Оваа година се навршуваат 56 години од Интернационалниот скулпторски
симпозиум ‘Мермер’, кој што е во организација на Центарот за современа ликовна
уметност (ЦСЛУ). Уметниците кои ќе ги создаваат своите дела во рамки на овој
симпозиум, ќе ги остават своите дела во Прилеп и тие ќе бидат дел од постојната
збирка на скулптури“, истакна градоначалникот Илија Јованоски за време на
денешната посета на Мермерниот Комбинат, каде скулпторите ги создаваат
своите дела, во рамки на годинешниот Интернационален скулпторски симпозиум.

Градоначалникот Јованоски напомена дека Прилеп е еден од ретките градови кои
располагаат со импозантна збирка на скулптури, чиј број се движи околу 200 и кои
се поставени на различни локации во градот.