Прилепчани реагираат на ужасот околу прилепското езеро

0
1462
Реонот на вештачкото езеро во Прилеп, традиционалното излетничко место на прилепчани, местото кое масовно се посетуваше за секој 1-Ви Мај, денес е контаминирана зона!
Наместо предел за излет и рекреација во чиста природа, сега е место на зарази и смрдеа. Ѓубре, смет и неподнослива смрдеа на сите страни.
Дрвата исечени до корен. Некои од нив беа стари над 100 години!  Патот дупка до дупка, вистински кратери.
Хотелот покрај езерото, местото каде многу генерации средношколци ги прославија своите матурски, е распаднато до ниво на сцена од некој хорор филм.
Во пресрет на овој 1-ви Мај, со поставени табли на кои се испишани пораки коишто ја отсликува реалната состојба со овој предел на Прилеп, сакаме да го свртиме вниманието на јавноста дека мора да се запре уништувањето на природата околу прилепското езеро.
Некогашниот сјај на ова излетничко место, мора повторно да се врати!