ПРИЛЕПЧАНИ МАЈЧЕ РАСПЛАКАА ВО ПРОДАЖБА НА ДРОГИ, УАПСЕНИ ТРОЈЦА ВО ИСТА ВЕЧЕР ОД НИВ ВО БИТОЛА

0
1625

Битолската полиција во соработка со инспектори од УЈП,  синоќа во 3.30 часот при контрола во угостителски објект на улица “Македонски гемиџии” во Битола,  легитимирале 15 лица и од слобода лишиле три лица поради сoмнение за кривично неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Од слобода се лишени лицата Ф.А.(33), Ф.И.(20) и В.И.(28) сите од Прилеп. При контролата кај лицата е пронајдена една најлонска паковка со грутчеста материја која со потврда е одземена од Ф.А. и дадена за вештачење, соопшти МВР.