Прилепски џудисти со видни успеси на меѓународна сцена финансирани од друга држава?!

0
2757

После 5 години напорен тренинг и успеси на домашен и меѓународен терен, членот на Џудо Клуб “Бушидо” од Прилеп, Теодора Ристеска се стекна со првиот мајсторски појас – информираат од клубот.

За Теодора и нејзините успеси знаат сите, а таа и понатаму не престанува со активен тренинг и подготовки за идните предизвици.

Ристеска моментално се подготвува за европските купови во Грција, Словенија и Унгарија кои треба да се одржат до крајот на оваа година.

Од ЏК “Бушидо” реагираат дека и покрај големите успеси на нивните членови и успешното претставување на државните бои, финансиската помош за овој спорт изостанува.

Но, управата на клубот контактира со надворешни инвеститори кои сакаат да вложат во овој спорт кај нас.

“Истот се случи и минатата година, кога соседна држава финансираше македонското знаме да се вее на европски натпревари”, велат од клубот.