ПРИЛЕПСКИОТ адвокат Жарко Стеваноски на ЛЕПЛИВОТО РАЧЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКOT СО ХИЛТАТА МАРЈАН РИСТЕСКИ му залепи кривична пријава за злосторничко здружување и ПРАВЕЊЕ КАША ПОПАРА СО ОПШТИНСКИ ПАРИ!?!?

0
2189

Во прилепското обвинителство адвокатот Жарко Стеваноски до Основното јавно обвинителство за гонење оргаизиран криминал и корупција-Скопје, поднесе кривична пријава против градоначалникот со хилтата на Општина Прилеп Марјан Ристески и до НН одговорни лица вработени во повеќе правни лица.

marjanristeski

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески покрај рушење и влегување со хилти по неутрално-опозициски локали очигледно е дека имал и друго хоби, во периодот 2007/20008 се клонирани неколку мунгоси кој исто така биле овластени од НН лица со цел вршење кривични дела.

Кривичната пријава е поднесена заради постоење основи за сомневање дека прилепскиот градоначалник и останатите НН лица сториле неколку кривични дела, и тоа:

  • „Злосторничко здружување“ од чл. 394 ст.1 од КЗ на РМ;
  • „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.1 во врска со ст.5 од КЗ на РМ;
  • „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ од чл.275-в ст.1 во врска со ст.3 од КЗ на РМ;
  • „Бесправно градење“ од чл.244-а од КЗ на РМ;
  • „Злоупотреба при склучување на договор меѓу заинтересирани страни“ од чл.275-г дт.1 во врска со ст.2 од КЗ на РМ и
  • „Спречување, ограничување или нарушување на конкуренција“ од чл.283 од КЗ на РМ.