Прилепска економија и во Општина Велес: Има долг над 25 милиони денари а ДПМНЕ сади палми!

0
1087

Наместо садењето на палми, општина Велес има многу поголеми и поприоритетни проблеми кои треба да се решат во интерес на граѓаните. Со ваква реакција излезе денеска советничката група на СДСМ за насадените палми во градот.

palmi vees

Опозицијата обвинува дека наспроти секојдневното осиромашување на граѓаните и се поголемиот долг на општината владејачката гарнитура на чело со градоначалникот Славчо Чадиев се однесува неразумно и неконтролирано.

„Чадиев и ДПМНЕ засадија палми а општина Велес има долг преку 25 милиони денари. Во време кога криминалното владеење на Груевски е целосно разобличено , кога на виделина излегуваат злоупотребите на милионски суми пари на нас граѓаните ДПМНЕ скандалозно продолжува да се расфрла со парите на граѓаните преку крајно сомнителни зделки. Велешани очекуваат одговори чии бизнис интерес се крие зад ова и колку сето ќе не чини нас граѓаните, рече Весна Стојанова Богоевска, портпарол на О.О на СДСМ.

Од СДСМ велат дека садењето палми во градот не било спомнато во ниту една програма за работа на ЈКП Дервен, ниту пак во програмите за уредување на градежно земјите на општината. Тие бараат поголета транспарентност и отчетност од страна на мнозинството советници во општината.

извор: Дума