Приказна за двете Анастасии, едната ќерка на забеган диктатор, другата од село Чаниште

0
1526

Пресметувам дека ако во 2012 година бил набавен неговиот „мерцедес“, за кој слушавме во бомбите, тоа значи дека додека семејството од Чаниште со три деца преживуваше без вода, амбуланта, пат, продавница и училиште во селото, премиерот разгледувал каталози за да одбере кожни седишта што ќе му го масираат грбот и екрани на задните седиште за неговите деца да се забавуваат додека се возат. Значи во исто време, кога една Анастасија во Чаниште немала вода во чешма и училиште каде што може да се едуцира, една друга Анастасија во Скопје си гледала цртани филмови во автомобил купен со парите на граѓаните кои не отишле за водовод во Чаниште, туку за „мерцедес“ од 600.000 евра.

Ида Протуѓер, Фокус, 14.05.16.