ПРИВЕДЕН МАРЈАН СТОЈКОСКИ КОЈ ПРЕКУ ФЕЈСБУК СЕ ЗАКАНИ НА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ДЕКА ЌЕ ГО УБИЕ

0
2878

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.

„Вчера, по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата на Северна Македонија, Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес  во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено“, соопштуваат од МВР.

Од МВР информираат дека за случајот е известен дежурен јавен обвинител.

М.С. на својот Фејсбук профил, на кој може да се прочита дека е од скопската населба Драчево, пред неколку дена напиша статус со содржина: „На нишан те чекам Заев м….. ќе платиш дебело“. Пораката беше придружена со фотографија од војник во маскирна облека како нишани. Овој статус сега го нема на профилот, но може да се видат многу други навредливи содржини и коментари.