Претседателот на СДСМ Зоран Заев за РТС – Радиотелевизија Словенија : Јасен е излезот, избори мора да има, власта на Груевски мора да си замине!

0
983

На барање на РТЦ Радиотелевизија Словенија претседателот на СДСМ Зоран Заев даде кратко интервју чија што тема беа скандалите што ги објави досега СДСМ во коишто е директно инволвиран премерот Никола Груевски и неколкумина негови соработници во врвот на власта, како и можниот излез од длабоката политичка криза по делегитимирањето на власта, што се случи со белоденувањето на коруптивните и изборните криминали.

Z.Zaev

Јасен е излезот којшто мора да се случи. Мора да замине оваа власт. Избори мора да се случат. Некој мора да ја подготви Македонија, и тоа кредибилен фактор, тоа се експерти, во форма на некоја предна влада, да ја подготват државата за избори. Граѓаните се тие кои преку слободно изразена волја ќе го дадат мандатот да си ја нормализираме земјата и да ги продолжиме чекорите кон Европската унија и НАТО“, изјави претседателот Заев на прашањето околу натамошниот развој на политичката ситуација во Македонија.