Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов доби сребреник од страна на Македонската православна заедница во Хрватска

0
1437

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов доби сребреник од страна на Македонската православна заедница во Хрватска.

Поради придонесот што го дава за македонскиот спорт, особено за македонскиот ракомет ова беше на еден начин благодарност за Мукаетов. Сребреници добија и ракометарите коишто се дел од репрезентацијата на Македонија, но нив им беа врачени после победата над Словенија.

„Му благодариме на Живко Мукаетов за сè што прави за Македонија. Тој придонесува многу и за Македонската православна заедница во Хрватска.

Прави многу со тоа што вложува во македонскиот спорт, особено во ракометот. Со тоа прави многу за сплотување на народот, а тоа не може да го направат ниту сите политичари заедно ниту ние поповите“, рече за време на мисата по повод празникот „Водици“ попот во црквата Света „Злата Мегленска“.