„Преродба со Беса“ е единствена опасност за Ахмети

0
829

Коалицијата „Преродба со Беса“ и пред жителите на Теарце вети редефинирање  на државата и тоа веднаш по 11 декември,  јави Тв 21.

Во синоќешното обраќање, како што пренесе телевизијата, претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, рече дека изборите се прилика за збогување со политичарите присутни на политичката сцена 20 години.

Според Бинас Пајазити од НДП, коалицијата „Преродба со Беса“ е единствената опција која преставува опасност за владејачката албанска партија на изборите.

Претставници на коалицијата велат дека со Законот за употреба на национални симболи во Македонија се потценува албанското национално знаме. Коалицијата „Преродба со Беса“, вечерва  престојува во Липково.