Премиерот решил да ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО па мајка Јана нека е! Заев : Подготвени сме за решение со географска одредница

0
1438

Подготвени сме за географска одредница, рече попладнево премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање откако денеска министерот за надворшени работи на Грција, Никос Коѕијас побара Скопје да се изјасни какво име сака.

– Да дадеме шанса низ преговорите да дојдеме до решение. Сакам процесот да успее. Сме фокусирани на суштествени чекори кои ќе доведат до решавање на овој чувствителен проблем во интерес на двете земји – рече Заев кој не сакаше подетално да коментира.