Премиерот Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, Проф. д-р Стојаноски: Загубивме колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија за Охрид

0
950

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев упати телеграма со сочувство за смртта на градоначалникот на Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство, најблиските и пријателите.

Во телеграмата, премиерот Заев пишува дека смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, е огромна загуба за академската заедница, за Охрид, локалната заедница и за партијата СДСМ, за кои низ годините даде огромен придонес со своето посветено работење.

„Јован беше колега, пријател и голем професионалец посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска, културна и туристичка престолнина.

Знам дека не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат вашата загуба, но дозволете заедно да ги споделиме чувствата на тага за загубата на вашето семејство“, пишува Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во телеграмата со сочувство за смртта на проф. д-р Јован Стојаноски, до неговото семејство.