Премиерот Заев: Со реконструкција на Пластичарската улица граѓаните ќе добијат модерно сообраќајно решение и поголема ефикасност на градскиот сообраќај

0
920

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, изврши увид во градежните работи за реконструкција на една од најпознатите сообраќајници во Скопје – булеварот „Никола Карев“ познат како „Пластичарска улица“, која поврзува четири општини – Гази Баба, Чаир, Центар и Карпош.

Премиерот Заев во изјавата за медиуми истакна дека продолжуваат интензивните градежни работи за реконструкција на голем број булевари, улици и главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини и додаде дека примерот на Град Скопје е поттик и за другите општини во државата целосно да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните за изградба и за одржување на модерни сообраќајни решенија за одржлива урбана мобилност, и за поголема ефикасност на градскиот сообраќај.