ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ГЕРМАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ХАЈКО МАС, ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ ВЕЛЕСИЛИ, ГЕРМАНИЈА ЌЕ НИ БИДЕ ВЕТЕР ВО ГРБОТ ЗА ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ

0
1038

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија Хајко Мас изразија жалење за одлуката на Европскиот Совет предизвикана од францускиот став и се согласија дека двете земји, ќе направат сѐ што е потребно за да се донесе позитивна одлука во скорешна временска рамка, за да се овозможи земјата забрзано да продолжи напред по европскиот пат.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, беше истакната исклучителната соработка меѓу двете земји, која е особено значајна во делот на поддршката на СР Германија на пристапувањето на нашата земја во членство во ЕУ.