Премиерот Заев прими делегација од Република Бугарија, предводена од министерката за регионален развој и урбанизам, Аврамова: Вложуваме во развојот на сообраќајната инфраструктура, се зголемува економската соработка и бизнис релациите

0
1285

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и владина делегација, денеска, беа домаќини на делегација на Република Бугарија предводена од министерката за регионален развој и урбанизам Петја Аврамова.

На средбата, која се одржа во Владата, премиерот Заев истакна дека две години по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија е постигнат значаен напредок во соработката меѓу двете земји во повеќе сектори и е зајакнат политичкиот дијалог.