ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ДО ОПОЗИЦИЈАТА : Не е само да се критикува, туку да се кажат и аргументите. Ние слушаме, не пркосиме. Во минатото беше удирано по оној кој пркоси.

0
1278

Премиерот Зоран Заев на вечерашната собраниска седница порача дека Владата ги слуша критиките и пркоси. Направи споредба со претходната власт и претходниот премиер Никола Груевски, за кој рече дека бил претседател на речиси се во државата.

-Слобода е кога има толку многу коментари. Тоа е здраво и добро. Може да учиме, да се коригираме. Толку драма, толку потписи, а МКЦ не е под Влада. МКЦ нема врска со Владата и со Министерството за култура. Не е само да се критикува, туку да се кажат и аргументите. Ние слушаме, не пркосиме. Во минатото беше удирано по оној кој пркоси. Од некој кој што беше претседател на Владата, беше и претседател на Парламент, и на Судски совет и на Скопска едница. Беше претседател на медиумски здруженија и главен уредник во медиумите. Беше и градоначалник на Скопје и на Центар за спомениците. Беше и министер за внатрешни работи. Дефинитивно времињата се сменија и е слобода, рече Заев.