ПРЕМИЕРОТ ВО МЕГА ИНТЕРВЈУ ЗА ЦИВИЛ МЕДИА: Граѓаните нема да дозволат нов режим ала Груевски во Македонија!

0
896

ЦИВИЛ МЕДИА: Ја оставивме турбулентната 2018 година. Освен големиот, историски подвиг со надминувањето на деценискиот спор со Грција, што многумина оправдано сметаат дека е Ваша лична заслуга, со што можете да ја пофалите владината екипа што ја предводите?

ЗОРАН ЗАЕВ: Кога станува збор за целиот процес на разговорите со Грција сакам да издвојам една определба што си ја зададовме сите – дека нема нерешливо прашање, нема нерешлива ситуација, нема да запреме пред ништо што се прикажува како нерешливо. И ме радува што ова станува особина на сѐ повеќе тимови во владата. Задоволен сум што обезбедивме многу канали со кои ги враќаме парите кај граѓаните, од тоа дека сметките за струја сега се пониски во просек за 500-1.000 денари по семејство, го враќаме персоналниот данок на земјоделците и ја одблокиравме исплатата на субвенциите, па сѐ до тоа дека успеавме да ги подготвиме законските решенија со кои казните се намалуваат до 70%, се укинуваат извршителските такси, а во исто време расте социјалната помош.

Во 2018 просечната плата постојано растеше, со пораст од 6.5% во октомври 2018, во споредба со октомври 2017. Задоволен сум и од транспарентноста и отчетноста на владините функционери – преку отвореноста и достапноста, расте одговорноста и домаќинското работење. Во 2018 ги решивме спорните наследени моменти на капиталните проекти и започна подемот на создавање инфраструктура со која се подобрува животот на граѓаните – започна масовна изградба на патишта, железница, водоводи, ги реновираме здравствените капацитети низ државата и се подготвуваме годинава за почеток на градба на Клиничкиот центар во Скопје, автопатот Скопје – Блаце и хидроелектраните Чебрен и Галиште.

Целото интервју на следниов линк ОВДЕ.