Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на втори август заедно ќе ја одбележат 115 – годишнината од Илинденското востание, со положување венци и свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“, во Благоевград!

0
1284

Премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов заедно ќе ја одбележат годишнината од Илинденското востание во Благоевград

Почитувани,

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов заедно ќе ја одбележат 115 – годишнината од Илинденското востание. Утре (2 август) двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“, во Благоевград.

Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината, ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

Почитувани претставници на медиумите,

Церемонијата на положување венци и свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“, во Благоевград, ќе започне во 17:00 часот (по бугарско време).