Пред МРТВ дојде и Никола Димитров, дел од „амстердамската тројка“: Откако ќе ја ослободиме МРТВ, ќе ја ослободиме и државата!

0
1023

nikola d mtv

На протетстот пред МРТВ дојде и Никола Димитров, дел од „амстердамската тројка“ која најави промени во ВМРО ДПМНЕ.

„Ова се историски моменти за државата, а јас сум тука каде што се пишува историјата. Дојдов да изразам подддршка зошто сите луѓе околу мене се борци за слобода, а јас сакам да извојуваме слобода. Да стигнеме до победата, битката почнува од МРТВ. Откако ќе ја ослободиме неа, ќе ја ослободиме и државата. Ќе продолжам да бидам заедно со граѓаните кои полека се будат и ја сфаќаат оваа борба“, изјави Димтров за Фокус.