Преговорите на политичките партии продолжуваат во Клуб на пратеници

0
950

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 12 часот продолжуваат во Клубот на пратеници во Скопје. Се очекува да се разговара за последното отворено прашање, односно ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

Преговорите синоќа, пак, завршија без договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, по средбата истакна дека на маса има интересен предлог и дека до крајот на неделата очекува решение на кризата.

На средбата, која вчера се одвиваше во резиденцијата на амбасадорот на САД, присуствуваа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.

Посредници беа американскиот амбасадор Џес Бејли и заменикот на евроамбасадорот Аиво Орав, кој е на дополнителни консултации во Брисел.

Партиите за време на викендот имаа внатрепартиски консултации за единственото преостанато спорно прашање – ингеренциите на министерот за внатрешни работи.

Извор: Мета