ПРВИОТ СОБРАНИСКИ ТАСТЕР НА РЕЖИМОТ ТРАЈКО СЕЛЈАНОВСКИ ЈА ГОЛТНА КНЕДЛАТА : За денеска во 16 часот закажа седница на Собранието!

0
969

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска во 16 часот закажа седница на Законодавниот дом.

Тој преку соопштение ја информираше јавноста дека одлуката за свикување на Собранието ја донел согласно денешната одлука на Уставниот суд.

„Како претседател на Собранието на Република Македонија, имајќи го во предвид денешното решение на Уставниот суд, ја информирам македонската јавност дека врз основа на сопствените надлежности дефинирани со Уставот на државата, за денес, 18 мај 2016 година во 16 часот ја закажав 101 седница на Собранието на Република Македонија. Исто така, сакам да го изразам своето длабоко уверување дека натамошниот развој на демократските процеси во Македонија најдобро може да се оствари во парламентот на Македонија заради што ги повикувам сите пратеници независно од политичката определба да земат свое активно учество. Истовремено, го изразувам и своето силно уверување дека единствено преку постојано надградување на меѓусебните односи помеѓу сите релевантни чинители во државата, на најдобар можен начин ќе се помогне во насока на остварување на носечките македонски стратешки приоритети какви што несомнено се, членството во НАТО и ЕУ, унапредувањето на стратешките односи со САД, како и создавањето на сите неопходни претпоставки за економски, социјален и сеопшт развој на Македонија“, се вели во соопштението испратено од кабинетот на претседателот на Собранието.