Прва рунда директни преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во понеделник!

0
849

Во понеделник во Брисел е закажана првата средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Опозицијата ќе ја претставува Радмила Шеќеринска а во име на власта веројатно ќе учествува министерот за надворешни работи Никола Попоски, дознава порталот НоваТВ.

SDSM-VMRO-DPMNE(2)(1)

Според информации од Европскиот парламент, можно е во Брисел да дојдат и двајца претставници на власта.

Од европска страна на средбата се очекуваат тројца пратеници од Европскиот парламент (ЕП): Едвард Кукан од демохристијанската група, либералот Иво Вајгл (известувач за Македонија во ЕП) и Ричард Ховит од групата на социјалистите.

Ова е прв обид за преговори помеѓу двете партии, а тројцата европски пратеници ќе бидат само олеснувачи и нема да излезат со свои предлози за излез од кризата.

Целиот текст може да го прочитате ОВДЕ(Нова)