Пратениче… СЕДИ… КЕЦ !!

0
1249

На екстерново за испитот„Македонски јазик и литература„, во периодов наназад сериски паѓаш бе бате, и пак сите се навдеваме дека на следниот поправен испит ќе положиш.Сега гледам и „Математика„ сакаш да полагаш, па ај да те оцениме како си поминал на тестов со твојот статус.
Задачава гледам ти била да пресметаш колку време му било потребно на Заев да преслуша 600.000,00 разговори доколку секој разговор би траел 1 секунда (твојот одговор на ова прашање е дека му требале 7 денови без око да склопи) и Колку време му било потребно на Заев да преслуша 600.000,00 разговори доколку секој разговор би траел 300 секунди (твојот одговор на ова прашање е дека му требале 2100 денови односно 6 години, без око да склопи).
Пратениче, со жалење Те известуваме, дека падна и на овој испит.
Точниот одговор на првата задача пратениче е 7 денови, 1 час и 20 минути, а точниот одговор на втората задача пратениче е 5 години, 3 месеци, 3 недели, 1 ден и 15 часа.
Пратениче Те известуваме дека само поради тоа што не знаеш колку денови брои една година, поправниот испит по Математика ти се закажува за 24-ти Април 2016 година со почеток од 07,00 часот до 24,00 часот. Тогаш ќе ти бидат поставени математички задачи чии одговори ќе треба да ги пресметуваш во години, месеци, денови, часови и секунди, е сега дал на слобода или во затвор е небитно, затоа што велат дека времето во просторот е непроменлива-константа.

12048729_1115129448497524_1275337423_n

Твојот учител: Жарко Стеваноски

Превземено од фејсбук зидот на Жарко Стеваноски