Пратеникот од СДСМ побара да се почитува деловникот за да не мора пратениците од парламентарно мнозинство да наоѓаат нови излези од сценариото на ВМРО.
Три дена најгрубо се крши деловникот за работа во Собранието. Господине претседавач, ги прекршивте сите членови на деловникот од почеток до крај. Граѓаните одамна ја потрошија месечната плата. Ние за некој ден ќе си ги земеме нашите 68.000 денари народни пари како плата. Затоа ве молам почитувајте го деловникот да не мора ние пратениците од новото парламентарно мнозинство да наоѓаме нов начин и алтернатива како на ова да му најдеме крај, побара од собраниската говорница, пратеникот од СДСМ Максим Димитриевски.
На ова реагираше претседавачот на конститутивната седница, Трајко Вељаноски кој рече:
– Јас и денес ќе апелирам до колегите да се откажат од реплики и контра реплики, од збор, но тоа е нивно право. А што се однесува до платата, имаше некои кои 15 месеци не доаѓаа на работа, а сепак земаа плата.