По 12.000 евра за фирма која ќе вработи тројца млади

0
900

Владата на попладневната седница донела одлука за формирање на Управен одбор на Проектот – Самовработување со кредитирање и Проектот кредитирање на правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места.

Станува збор за проект кој се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис како и на невработените лица кои сакаат да го решат своето вработување.
„Во рамки на Проектот кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места постои можност за правните субјекти кои ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување на 3 невработени млади лица до 29 години“, се наведува во соопштението од Владата.