По чорапи во НАТО не се влегува

0
1359

Жално за онаа држава која што не може да си ги облече и нахрани безбедносните сили…
Госпоѓо Министерке, полицајците ви се во различни кондури, да не говорам за армијата на кое дереџе ја сведовте со вашите преродбенички политики…

makso1


Во НАТО по чорапи не се влегува, во овој колективен систем за безбедност постојат стандарди кои што мора да се исполнат…
Ај што правите пародија од Вас самите, ни се потсмеваат сите, престанете да се мајтапите со државата…
Имате пари за камена и метална фаланга, имате пари за роудшоа но пари за да си ја облечеме сопствената војска и полиција НЕМА…

11054792_10204253402955969_7451980595184520016_n
Наместо да го партизирате судството и сите државни институции покажете минимум морални вредности и дајте си оставка заедно со Вашиот шеф и останатите компромитирани членови на Владата, сеуште во институциите има професионалци кои што можат да го средат хаосот кој што го создадовте заедно со некомпетентните партиски послушници…
Ве прашувам јавно, какво ви е чувството како човек кога ќе се симнете од министерската лимузина и ќе продефилорате пред ваков полициски ешалон, дали се прашувате што луѓето во униформите размислуваат???


Ве разбирам едноставно е тоа за вас, тие се само човечиња во униформи кои што како вие велите ќе станат џандари…
На времето да бидеш милиционер, полицаец, војник беше чест и гордост, денеска ја сведовте оваа професија на партиско вработување пресметана во број на гласови…
До кога вака?


Почитувани мои, времето на оваа власт изминува, има одговорни луѓе кои што ќе превземат одговорност да го средат хаосот, знам дека ќе биде тешко но со општа заложба на сите ќе успееме во тоа…

Фејсбук статус на Максим Димитриевски