По трагата на парите – Како двоецот Ивона и Латас се ОМРСИ со 240 илјади евра преку затајување на данок од државата!

0
2272

Во случај на сомневање за даночно затајување, Управата за јавни приходи соработува со сите надлежни институци, но податоците за обврзници – се даночна тајна – велат од УЈП за Телевизија 24 отако вчера Специјалното обвинителство покажа со прст кон даночната управа и Министесртвото за финансии.

Во случај на сомневање за даночно затајување, Управата за јавни приходи соработува со сите надлежни институци, но податоците за обврзници – се даночна тајна – велат од УЈП за Телевизија 24 отако вчера Специјалното обвинителство покажа со прст кон даночната управа и Министесртвото за финансии.

„Сите документи, информации, податоци или други факти за даночен обврзник до кои УЈП, односно службеното лице ги дознало во даночна, прекршочна или судска постапка, не се предмет на комуникација со јавноста и медиумите. Во случаи на сомневања, пријави или добиени службени податоци за даночно затајување од трети страни, УЈП, согласно своите надлежности редовно соработува и ги обезбедува потребните податоци за надлежните институции“ – велат меѓудругото од УЈП.

Од Министерството за финансии, до објавување на прилогот, не дадоа став. Специјалното овинителство ги објави првите случаи на затајување данок под кодно име “Тотал“ и “Тифани“. Во давата случаи, физички лица и фирми, според СЈО, затаиле данок од државата во вкупна вредност од 240 илјади евра. Слчуаите, според официјалните документи од Цнетралниот регистар се поврзани со фими зад кои како сопственик или управител е Драган Павловиќ Латас и фирми на мајката на Ивона Талевса – Лимба Талевска.

„Споре доказите наводно за потребите на правните лица, купена е долна облека во вредност од 500 евра, здолништа, чевли, ташни, ремени во износ од 33 508 евра, очила, шминки, пудри за 1009 евра, луксузен мебел, велосипеди, сигурносни врати“ – објави Фатиме Фетаи.

Сега, според дел од економистите, е клучно не само да се утврди делот затајување данок – туку и да се открие трагата на парите.

„Тука грешката е исклучиво на сметководителот, поточно не заради тоа што не знаел, туку зошто ги слушал желбите на сопствеиците и тоа еднаш мора да застане“ – вели економистот Горан Рафајловски.

За случајот „Тотал“, Драган Павловиќ Латас за тв 24 вчера кратко изјави:

„Не се препознавам себеси во нејизиното излагање.“

И денеска се обидовме , но не добивме став ниту од Ивона Талeвска.