По секс скандалот, Меланија го избегнала Трамп на јавен настан и пристигнала заедно со гостите

0
1791

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се појави прв пат во јавност по тврдењата на порно ѕвездата Стефани Клифорд дека Доналд Трамп во 2006 година имал секс со неа, но ја прекрши традицијата и не дојде во придружба на сопругот.

На првиот говор на Трамп за состојбата на нацијата, Меланија барала да пристигне со гостите, па дошла одделно од американскиот претседател.

За првото јавно појавување годинава, убавата Словенка избрала костим од бели панталони и палто, како и омилените високи потпетици од Кристијан Лабутин. Се коментира дека нејзиното појавување во бело всушност било омаж за поборниците на женски права, како што беа облечени жените на првото обраќање на Трамп во американскиот конгрес во февруари 2017 година.