По објавувањето на некролозите за амбасадорите, француската амбасада побарала засилено обезбедување

0
925

Министерството за внатрешни работи ја зголемило безбедноста врз Француската амбасада. Ова за Телма го потврдуваат од министерството од каде поради безбедносни причини не можат да кажуваат детали.

Амбасадата побарала дополнителни безбедносни мерки, а министерството соодветно одговорило на се што е побарано. Ова е единствената амбасада која за сега побара било какво обезбедување после засилените вербални напади но и морничави фотографии со некролози кои се појавија на социјалната мрежа Имгур.