По налог на ВМРО-ДПМНЕ Кинезите експресно избркале од работа член на СДСМ

0
1100

Александар Јованчев од Свети Николе, кој вчера бил вработен како возач во фирмата „Синоходро“ што го гради патот Миладиновци-Штип, денеска експресно добил отказ откако од ВМРО-ДПМНЕ од Скопје стасал допис во кој било подвлечено дека „тоа лице не е член на ВМРО-ДПМНЕ и во никој случај не треба да биде примено на работа“, пренесува порталот Плусинфо.

kinezi pat

Јованчев, кој по професија е ветеринар, аплицирал на огласот за работа пред 7-8 месеци и во саботата бил повикан на интервју. Бил тестиран за возење и за англиски јазик. Работодавачите од кинеската фирма му рекле од средата да почне со работа. Тој вели дека бил вчера на работа и дека шефовите биле задоволни од него. Но, денеска бил повикан од друг шеф кој не бил негов директен претпоставен и дознал дека добива отказ.

– Ми кажаа дека стасал допис од ВМРО-ДПМНЕ од Скопје во кој пишувало дека не сум член на таа партија, дека сум опозиционер и член на СДСМ и дека ја критикувам власта и во никој случај не треба да бидам примен на работа – вели Јованчев за Плусинфо.