По навика ПАСТИРОТ наименува уште еден криминалец на функција, овој пат на УЈП

0
2369

Бомбите свршија голема работа сакале ние да признаеме или не, власта се однесува како петел со откината глава, де ваму де таму, зацапуваат во гомна, во жив песок. Покрај Министерот за транспорт за кој објавивме дека е осуден тепач и нанесувач на тешки телесни повреди еве сега и ново наименуваниот прв даночник, смената на Горан Трајковски, Оливер Дерковски, еве што гревови носи овој штипикурец со себе..

3-120-

:Оливер Деркоски – поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ (во шестиот пратенички мандат во Собранието) и Генерален директор и претседател на Управниот одбор во Акционерското друштво за транспорт „Македонски железници“ – транспорт АД Скопје (именуван во мај 2010 година) е осомничен за голема финансиска проневера. Во МВР и покрај комплетираната кривична пријава и собрани докази за поднесување на кривична пријава и покренување на обвинение против Деркоски била доставена за потпис до началникот за организиран криминал при МВР (Глигоровски) во јануари 2014 година. Меѓутоа, тој и Митко Чавков сега министер за внатрешни работи го стопирале процесуирањето на кривичната пријава до Јавното обвинителство со околу 2000 страници оргинални докази. Кривичната пријава се однесува на продажба на локомотиви и вагони според одлука на Управниот одбор бр. 552/1-1 од 27.04.2011 година. Така, околу 4000 тони железо далеку по пониска цена од тогаш важечката биле продадени на фирмата ЕУРО АКТИВА при што „Македонски железници“ се материјално оштетени за разлика од ЕУРО АКТИВА која се стекнала со противправна имотна корист