ПО БЕЛАТА КУЌА, СЕГА И КОНГРЕСОТ МУ ПИША НА ЗАЕВ, СЛЕДНИ СЕ НАСА И ФИФА: АЈДЕ БЕ МАКЕДОНЦИ ВЛАГАЈТЕ У НАТО, ТРЕБА ЛИ ДА ВЕ МОЛИМЕ?!?!

0
1657

Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД во писмото адресирано до премиерот Зоран Заев упатува охрабрување за пристапување кон уставните измени кои се неопходни за спроведувањето на Договорот од Преспа и покрај предизвиците по референдумот, меѓу кои и отворените и прикриените руски напори да го поткопаат Договорот.

Писмото, кое го прими македонскиот премиер, е потпишано од Питер Роскам, претседавач од Републиканската партија, и Дејвид Прајс, заменик-претседавач од Демократската партија, а е испратено во име на 20 конгресмени, републиканци и демократи.

Конгресмените од оваа Комисија, чиј мандат е да соработува со земјите партнери на САД за развој на ефикасни и одговорни институции, во писмото до премиерот Заев и до Владата изразуваат честитки за големото мнозинство гласови „за“ на референдумот и нагласуваат дека американскиот Конгрес останува цврсто со граѓаните на Република Македонија во нивните аспирации за членство во НАТО и ЕУ.

– Демократијата не е само одржување  слободни и фер избори, туку она што се случува меѓу два изборни циклуса. Сега е време светот да ја види енергијата на демократијата во Македонија, преку потврдување на волјата на гласачите за нивно поврзување со западниот свет – се вели во писмото.

Американските конгресмени нагласуваат дека спорот за името со Грција предолго стоеше на патот на евроатлантските интеграции кои значат придобивки за македонските граѓани и дека е време ваквите спорови да се стават настрана, преку заложување за конечен напредок.

Потписниците на писмото истакнуваат дека Конгресот на САД останува и понатаму посветен на билатералните односи меѓу двете земји и инспириран од демократскиот пат по кој одат граѓаните на Република Македонија.