Почнува ново политичко шоу со Младен Чадиковски на „24 Вести“

0
1187

Политичко шоу „24 Отворено“ стратува вечерва на телевизија „24 Вести“. Во сржта на македонското живеење, ТВ магазинот „Отворено 24“, секој четврток на публиката ќе понуди содржини кои ќе бидат обработени сосема поинаку од она што досега го имаше на телевизиските екрани.

Станува збор за информативно ток шоу изведено по светски стандарди, а ќе се емитува секој четврток во 20 часот и 45 минути.

Автор и водител на магазинот е Младен Чадиковски, а зад проектот стои целата екипа на 24 Вести. Во дел од емисијата свое парче има еден познат македонски актер, но од тимот на 24 засега не откриваат за што точно станува збор.

Дебатната програма Отворено е проект на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Македонија, во реализација на медиумскиот партнер ТВ 24 Вести, а финансиски поддржан од страна на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Националната фондација за демократија (НЕД).