Почнува демонтажата на режимот: До крајот на август ќе има промени во МРТ, во ДИК, во УЈП …

0
1012

До крајот на август работни групи во кои ќе партиципираат четирите најголеми партии (ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА) треба да усогласат какви законски и кадровски промени ќе има во однос на Државната изборна комисија, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Македонската радиотелевизија, на Државната комисија за спречување на корупцијата, на Управата за јавни приходи и на Бирото за јавна безбедност.

dogovor 66

Со измените треба да се зголеми независноста на овие институции, што ќе се одрази и на демократизацијата на општеството. Меѓу партиските членови во работните групи (кои се веќе оперативни) посредува белгискиот експерт Питер Ванхоуте. Насоки кон што треба да води работата на групите се содржани во Договорот од 2 јуни и во извештајот на Рајнхард Прибе.