Почна средбата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, во Владата.
Ниту од двете страни нема информации за што ќе разговараат. Ова е втора средба на Мицкоски и Заев по онаа што се одржа во декември лани на иницијатива на премиерот.
Тогаш Мицкоски по средбата изјави дека разговарале за многу образовни, економски и здравствени теми.
На прашање на „Макфакс“ дали тема на разговор биле и притворените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски повтори дека разговарале за актуелни теми.
Извор: Макфакс