Почна распитот на „големото уво“ Горан Груевски, влегол во судот како попарен преку споредни влезови

0
2055

Началникот во Петтата управа на МВР Горан Груевски веќе е на распит во Кривичниот суд во Скопје, дознава НОВА. Груевски во судот се појавил од споредните влезови, а освен него, присутни во судот се и обвинители од Специјалното јавно обвинителство.

Груевски денеска треба да даде исказ пред судија на претходна постапка откако Специјалното обвинителство побара да му се изрече мерка притвор поради сомнение дека незаконски учествувал во уништување на два системи за прислушување – предмет насловен „Тврдина“.

Синоќа СЈО побарало судот да дозволи претрес во домот на Груевски, но оттаму го одбиле барањето со образложение дека има Специјалното обвинителство има лимитирана надлежност.