ПОЧНА КРАЈОТ НА ИЗМАМАТА ЛАЈОНЕС: Измамените италијански членови на Лајонес бараат на суд оштета од 53 милиони евра!!!

0
11244

И така започна почетокот на крајот на Лајонесс во Италија (од каде што требаше да профитираат македонските овци, или како почнав да ги нарекувам, лајонесс метеоролози, оти си ги трошат парите на облачиња).

Жртвите (инвеститори) на Лајонесс во Италија бараат компензација на нивните загуби (53 милиони евра). Веднаш по забраната на Лајонесс да оперира во Италија, и казната од 3.2 милиони евра, инвеститорите во Италија си ги бараат парите назад.

Според објавата на телевизија ТГ Верона (https://www.tgverona.it/pages/785435/attualita/lyoness_comunita_shopping_nei_guai.html), инвеститорите на Лајонесс во Италија веќе ангажираја адвокати и побараа помош од агенција за колекција со цел да си ги вратат инвестициите. Лајонесс која оперира во Италија преку својата шел компанија Lyoness Italia Srl ги ограби Италијанците во сума од 53 милиони евра од 2017, најголем дел од овие пари доаѓаат од инвестиции (читај облачиња) каде ПЛАЌАШ 2,400 евра за да започниш КАРИЕРА (ова е комедија од епски рамки).
Дел од објавата на ТГ Верона:

“Дел од членовите на Лајонесс, добро познатата шопинг заедница, ја ангажираја Studio 3A-Valore SpA, која е специјализирана на државно ниво за обесштетување и заштита на граѓански права во пресрет на вистинската битка.
 
Граѓаните кои побараа помош од Studio 3A, во најголем дел жители на Падова, биле приклучени на “Програмата за лојалност на Лајонесс”, која како што спомнавме, ти дозволуба да купуваш добра и услуги во партнерски компании, со цел да искористиш попусти и други промоции со што Лајонесс успеала да регрутира многу голем број на потрошувачи.
 
Проблемот е во тоа што истата компанија им предложува да платат влезна комисија од 2,400 евра за да започнат “кариера” како Лајконект Премиум Маркетер, како што успеа да направи со 67 илјади членови.”
Па колку треба да бидеш глуп, да платиш пари за да започниш “кариера”?